Вчера се одвиваше асфалтирање на мостот „Естакада“ во Гази Баба, како дел од санацијата на една од најфреквентните сообраќајни врски во овој дел од Скопје. Работите се изведуваа во ноќните часови со цел да се намали сообраќајниот застој и да се избегнат дополнителни гужви во текот на денот.
Се санираат 10.000 квадратни метри на мостот Естакада
Санацијата опфаќа пристапни рампи на вкупна површина од 10.000 квадратни метри, од кои 3.800 квадратни метри се целосно обработени со гребење и поставување два нови слоја асфалт. На самиот мост се поставува нов асфалтен слој, а вкупната должина на коловозот што се санира изнесува 1,5 километри. Во рамки на зафатот се поставуваат и нови рабници и тротоари, се бојадисува заштитната пешачка ограда и се поставуваат нови капаци за шахтите.
Работите продолжуија и во текот на ноќта
Од надлежните посочуваат дека ноќното изведување на работите ќе продолжи секаде каде што условите го дозволуваат, со цел да се намали влијанието врз секојдневното движење на граѓаните. Целта на санацијата е да се подобрат безбедноста и условите за движење на илјадниците граѓани кои секојдневно ја користат оваа сообраќајна врска.