Хроника
Дознај прв
(ВИДЕО) МАЛОЛЕТНИК ГО ОБЈАВИЛ ВИДЕОТО СО ПАЛЕЊЕТО НА ЗНАМЕТО: Во полиција признал, посочил уште тројца другари
МВР го расчисти случајот со видеото од палењето на македонското знаме. Малолетник од Тетово го признал делото и посочил уште тројца учесници.

Малолетник од Тетово е утврден како сопственик на TikTok-профилот од кој било објавено видеото на кое се гледа палење на македонското знаме, соопшти Министерството за внатрешни работи. Случајот бил расчистен по мониторинг на социјалните мрежи на 22 септември, кога полицијата го детектирала спорното видео. МВР соопшти дека станува збор за кривично дело „предизвикување омраза, раздор или нетрпеливост врз национална, верска и друга дискриминаторска основа“, предвидено со член 319 од Кривичниот законик. Идентитетот на авторот бил утврден на 23 септември, а станува збор за малолетно лице под 14-годишна возраст од Тетово.
Во полиција во Тетово го признал делото
Малолетникот бил повикан на службен разговор во присуство на родител и претставници од Центарот за социјална работа Тетово, при што го признал делото. Со согласност на родителот, за потребите на постапката и фотодокументирањето на доказите, бил обезбеден мобилниот телефон од кој било објавено видеото. Во текот на разговорот тој посочил уште три малолетни лица кои учествувале во настанот. Тројцата дополнително ќе бидат повикани во полициска станица, а по целосното документирање на предметот до Основното јавно обвинителство Тетово ќе биде поднесен соодветен поднесок.
View this post on Instagram
