Македонија
Дознај прв
НОВА АЛАТКА ПРОТИВ ОНЛАЈН НАПАДИТЕ: Жените во медиумите ќе можат да пријавуваат вознемирување
Промовирана е нова дигитална алатка за пријавување онлајн вознемирување врз новинарки и медиумски работнички, со можност за анонимна пријава.

Пријавите може да бидат и анонимни – онлајн
Женската медиумска мрежа „Еднаква“ и Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници промовираа нова дигитална алатка за пријавување онлајн вознемирување врз новинарки и медиумски работнички. Според последните истражувања, повеќе од 80 отсто од новинарките се соочиле со навреди, говор на омраза, сексистички и шовинистички коментари, па дури и закани по живот. Алатката овозможува пријавување со име и презиме или анонимно, а како доказ може да се приложат линк, порака, профил или скриншот од содржината.
Целта е институционална реакција
Од иницијаторите велат дека целта не е само евидентирање на случаите, туку и утврдување на реалниот обем на онлајн вознемирувањето и обезбедување институционална реакција. Пријавите, зависно од нивниот вид и тежина, ќе се проследуваат до надлежните институции за понатамошно постапување.
фото – вештачка интелигенција
