Македонија

Од кои држави се туристите кои ја посетиле Македонија во септември?

Од кои држави се туристите кои ја посетиле Македонија во септември?
Фото: Графика, ВИ

Македонија во септември годинава ја посетиле 136.305 туристи, кои оствариле вкупно 264.370 ноќевања, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика. Од вкупниот број посетители, 75,1 процент биле странски туристи, додека 24,9 проценти биле домашни гости.

Најбројни биле туристите од Турција со 27.933 посетители, а зад нив се Србија со 8.358, Германија со 6.633 и Полска со 4.656 туристи. Странските туристи оствариле 66,2 проценти од вкупниот број ноќевања, додека домашните учествувале со 33,8 проценти.

Статистиката покажува дека во првите девет месеци од 2026 година бројот на туристи е зголемен за три проценти во споредба со истиот период лани. Во истиот период, бројот на ноќевања пораснал за 3,5 проценти, при што кај странските туристи е забележан раст од 4,6 проценти, а кај домашните од 2,4 проценти.

Летово Охрид бележеше голема посетеност.

ОХРИД ВО АВГУСТ ГО ПОСЕТИЛЕ 96.260 ТУРИСТИ: Остварени над 450.000 ноќевања

Жан Митрев