Македонија
Дознај прв
ПАЦИЕНТ СЕ ВРАТИЛ ОД ЗАНЗИБАР: Потврден случај на маларија во Скопје
Маларија во Скопје е потврдена кај пациент кој се вратил од Занзибар, а од Клиниката информираат дека е во стабилна состојба.

На Клиниката за инфективни болести во Скопје е потврден случај на маларија кај пациент кој неодамна престојувал во Занзибар.
Пациентот побарал лекарска помош откако добил висока температура и треска, по што бил хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести, каде што му била поставена дијагноза и започнато лекување.
Директорот на Клиниката, Фадил Цана, потврдил дека станува збор за маларија и информирал дека пациентот е во стабилна здравствена состојба. Тој нагласил дека навременото јавување на лекар било клучно за брзото поставување на дијагнозата и започнувањето со терапија.
Во меѓувреме, на Клиниката и натаму се лекуваат и двајцата пациенти кај кои претходно беше потврдена западнонилска треска. Според лекарите, нивната здравствена состојба е добра и се очекува наскоро да бидат пуштени на домашно лекување.
