Магазин

СПЕКТАКЛ НА ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ: Џастин Бибер заедно со Мадона, Шакира и БТС ќе настапи на полувремето

Џастин Бибер ќе настапи со Мадона, Шакира и БТС на полувремето од финалето на Светското првенство 2026.

СПЕКТАКЛ НА ФИНАЛЕТО НА МУНДИЈАЛОТ: Џастин Бибер заедно со Мадона, Шакира и БТС ќе настапи на полувремето

Џастин Бибер ќе биде дел од големото музичко шоу на полувремето од финалето на Светското првенство во 2026 година, потврди ФИФА.

Канадската поп-ѕвезда ќе настапи заедно со Мадона, Шакира и БТС, во спектакл кој ќе се одржи на 19 јули на „Њујорк Њу Џерси стадиум“. Станува збор за првото официјално шоу на полувреме во финале на Светско првенство, во стил сличен на Супербоул.

Настапот ќе трае 11 минути, а шоуто го курира фронтменот на „Колдплеј“, Крис Мартин. Покрај главните ѕвезди, најавени се и Бурна Бој, диригентот Густаво Дудамел, детскиот хор PS22, како и специјални појавувања на ликови од „Sesame Street“ и „The Muppets“.

Според ФИФА, музичкиот спектакл ќе има и хуманитарна цел, односно ќе ја поддржи иницијативата FIFA Global Citizen Education Fund, која има за цел да собере 100 милиони долари за подобар пристап до образование и фудбалски можности за деца ширум светот.