Македонија

ПО РЕАКЦИИТЕ ВО ЈАВНОСТА: Ќе биде хоспитализиран таткото за кого ќерката тврдеше дека живеат во страв

По јавниот апел на млада кумановка дека живее во страв од својот татко, надлежните соопштија дека тој ќе биде хоспитализиран во Психијатриската болница во Демир Хисар.

ПО РЕАКЦИИТЕ ВО ЈАВНОСТА: Ќе биде хоспитализиран таткото за кого ќерката тврдеше дека живеат во страв

Откако млада кумановка јавно побара помош и алармираше дека таа и нејзиното семејство живеат во страв од својот татко, надлежните институции презедоа мерки. Министерството за здравство потврди дека мажот ќе биде хоспитализиран во Психијатриската болница во Демир Хисар.

Следува принудна хоспитализација

Како што информираат надлежните, по направените проценки е донесена одлука лицето да биде примено на лекување во Психијатриската болница во Демир Хисар. Случајот привлече големо внимание откако ќерката преку социјалните мрежи побара итна помош, тврдејќи дека таткото е алкохоличар и дека семејството подолго време живее во страв.

Случајот предизвика бројни реакции

Објавата на младата жена предизвика силни реакции во јавноста и повторно го отвори прашањето за постапувањето на институциите во случаи на семејно насилство и заштитата на жртвите. Надлежните продолжуваат да постапуваат по случајот.