Економија
Дознај прв
ПОСКАПУВААТ БЕНЗИНИТЕ, ДИЗЕЛОТ ПОЕВТИНУВА: Новите цени стапуваат на сила од полноќ

Од полноќ стапуваат на сила новите максимални малопродажни цени на горивата, што ги утврди Регулаторната комисија за енергетика. ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава по 100,50 денари за литар, додека ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе чини 102,50 денари. Двата типа бензин поскапуваат за 3,50 денари за литар. Кај дизелот има намалување, па ЕУРОДИЗЕЛ ќе се продава по 99 денари за литар, односно два денари поевтино од досега.
Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 4,50 денари и ќе чини 109,50 денари за литар. Според Регулаторната комисија, просечните малопродажни цени на нафтените деривати се зголемуваат за 2,86 проценти поради растот на референтните цени на горивата на светските пазари. Новите цени ќе се применуваат од 00:01 часот на 15 септември.
