Македонија
Дознај прв
ПРЕСЕДАН ВО УСТАВНИОТ СУД: За првпат пријавен судија поради игнорирање на нивна одлука

Уставниот суд за првпат поднесе пријава против судија од Граѓанскиот суд поради непочитување на одлука на највисокиот суд за уставност. Случајот е доставен до Јавното обвинителство и до Судскиот совет, кои треба да постапат во рамки на своите надлежности.
Од Уставниот суд оцениле дека судијата не ја спровел нивната одлука во конкретен предмет. Ваквиот чекор се смета за преседан, бидејќи досега Уставниот суд немал ваква постапка против судија. Сега на потег се институциите кои треба да утврдат дали постои одговорност и дали ќе бидат преземени дополнителни мерки.
Случајот повторно го отвора прашањето за задолжителноста и почитувањето на одлуките на Уставниот суд.
