Регион

РАДЕВ ЈА ОДБИЛ ПОКАНАТА ОД МАКРОН: Бугарија нема да учествува во коалицијата за Украина

Румен Радев изјави дека ја одбил поканата од Емануел Макрон Бугарија да учествува во коалицијата која обезбедува воена и финансиска помош за Украина.

РАДЕВ ЈА ОДБИЛ ПОКАНАТА ОД МАКРОН: Бугарија нема да учествува во коалицијата за Украина

Румен Радев изјави дека лично добил покана од францускиот претседател Емануел Макрон Бугарија да се приклучи на „Коалицијата на волјата“, но ја одбил. Според него, Бугарија нема да биде дел од коалиција која инсистира на континуирана финансиска и воена помош за Украина. Изјавата ја даде пред бугарските новинари во Париз, пред воената парада по повод францускиот национален празник.

Радев бара дипломатско решение на конфликтот

Радев оцени дека решението за војната не треба да се бара преку продолжување на конфликтот со воени средства. Тој смета дека е потребна силна дипломатска мисија која ќе стави крај на ескалацијата. Радев додаде дека на приемот во Елисејската палата се сретнал и со други лидери кои не се дел од коалицијата.

Побара проценка на санкциите против Русија

Во однос на новата „антиракетна коалиција“, Радев рече дека прашањата за колективната безбедност на Бугарија се решаваат во рамките на НАТО и Европската Унија. Тој порача дека Бугарија отворено го брани својот национален интерес, нагласувајќи дека ЕУ е силна кога нејзините земји-членки се силни. Радев побара да се процени и ефикасноста на европските санкции против Русија, оценувајќи дека тие не треба да им нанесуваат штета на земјите што ги воведуваат.

Жан Митрев