Економија
Дознај прв
ШПАРКАСЕ ТРГНУВА ПО УНИ БАНКА: По преземањето би имала 17% од пазарот

Шпаркасе тргнува по Уни банка
Штаермеркише Шпаркасе Групацијата официјално поднесе известување за намера за преземање на сите запишани обични акции издадени од Уни Банка АД Скопје. Со тоа започнува процесот за целосно преземање на банката, но реализацијата на трансакцијата и понудата подлежат на законски и регулаторни процедури. За завршување на процесот ќе бидат потребни претходни согласности и одобренија од надлежните институции во земјава и од соодветни меѓународни регулаторни тела.
Шпаркасе е од 2008 година во Македонија
Од Шпаркасе велат дека со овој чекор имаат цел дополнително да го зајакнат своето присуство на македонскиот пазар. Групацијата во Македонија е присутна од 2008 година, а моментално има вкупна актива од речиси две милијарди евра. Доколку преземањето биде реализирано, Шпаркасе би располагала со вкупна актива од околу 2,8 милијарди евра и пазарен удел од приближно 17 отсто.
Повеќе може да прочитате ТУКА.
View this post on Instagram

