Регион
Дознај прв
СИЛНИОТ ВЕТЕР ГО ОТЕЖНУВА ГАСНЕЊЕТО: Пожарот на Крит проголта 4.500 хектари
Пожарот на Крит е активен трет ден, а процените се дека изгореле околу 4.500 хектари. Над 270 пожарникари се борат со огнената стихија.

Пожарот што избувна на повеќе локации јужно од градот Ретимно на грчкиот остров Крит и натаму е активен, а процените се дека изгореле околу 4.500 хектари. Податоците се добиени по обработка на сателитска снимка направена на 30 јули, но во пресметката не е вклучена површината зафатена од новиот пожар што избувнал подоцна. Борбата со огнената стихија продолжува веќе трет ден, а пожарникарите интервенирале и во текот на ноќта.
Силниот ветер ја спречува интервенцијата од воздух
Гаснењето дополнително го отежнува силниот ветер, кој ја попречува интервенцијата на противпожарните авиони. Од грчката противпожарна служба посочуваат дека работата на екипите ја усложнуваат и природата на пожарот, географските карактеристики и релјефот на теренот. Во справувањето со пожарот учествуваат повеќе од 270 пожарникари.
Подготвена и евакуација по морски пат
Во состојба на готовност се и припадниците на крајбрежната служба, доколку се појави потреба од нова евакуација по морски пат. Претходно од плажата Превели со брод на крајбрежната служба и два приватни чамци биле евакуирани 51 лице. Истовремено, активни се и два нови пожари во централна Грција и на полуостровот Пелопонез.
