Свет

ТРАГЕДИЈА ВО КОЛОСЕУМОТ: 22-годишен работник загина по пад од околу 10 метри во Рим

22-годишен работник загина во Колосеумот во Рим по пад од околу 10 метри додека поставувал нов систем за осветлување.

ТРАГЕДИЈА ВО КОЛОСЕУМОТ: 22-годишен работник загина по пад од околу 10 метри во Рим

Несреќата се случила при поставување нов систем за осветлување

Дваесет и двегодишен работник загина во римскиот Колосеум откако паднал од височина од околу 10 метри. Несреќата се случила додека техничарот поставувал нов систем за осветлување во античкиот амфитеатар. Италијанското Министерство за култура го потврди случајот, по што дел од Колосеумот денеска е затворен за посетители. Управата на Археолошкиот парк Колосеум соопшти дека, во знак на жалост, ќе биде затворен дел од второто ниво каде што се случила несреќата.

Синдикатот во Рим бара целосно затворање на споменикот

Италијанскиот синдикат CGIL побара целиот Колосеум да биде затворен по трагичниот инцидент и побара да се разјаснат околностите под кои дошло до несреќата. Колосеумот, изграден пред околу 2.000 години, е еден од најпознатите историски споменици и туристички локалитети во Рим.