Хроника
Дознај прв
ПОЗНАТИ ДЕТАЛИ ЗА ТРАГЕДИЈАТА КАДЕ ЗАГИНАА ТРОЈЦА МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ: Две деца и една баба меѓу загинатите
Деца на 4 и 11 години и нивната 74-годишна баба загинаа во тешка сообраќајка во Словенија. Нивните родители се тешко повредени.

Семејство од Македонија во тешка сообраќајка во Словенија
Две деца на возраст од 4 и 11 години и нивната 74-годишна баба загинаа во тешката сообраќајна несреќа што се случи во Словенија. Трагедијата се случила на 27 август околу 16:30 часот на автопатот меѓу Унец и Равбаркоманда, кога автомобил „Ауди А4“ удрил во приколка од камион. Во автомобилот имало пет македонски државјани, а според информациите, семејството живеело во Равена, Италија. Трите лица починале на самото место, додека родителите на децата, 33-годишната мајка и 39-годишниот татко, се тешко повредени.
Камионот бил запрен поради дефект
Според словенечката полиција, камионот поради дефект бил запрен во лентата за застанување, а автомобилот најпрво удрил во заштитната ограда, а потоа во задниот дел од приколката. Мајката со тешки повреди била пренесена со хеликоптер до клиника, додека таткото бил транспортиран со амбулантно возило. Поради несреќата, делницата од автопатот во правец кон Копер била затворена до полноќ, а сообраќајот бил пренасочуван. Министерството за надворешни работи потврди дека станува збор за македонски државјани, а Амбасадата во Љубљана е во контакт со словенечките институции за понатамошната постапка.
