Свет
Дознај прв
ПОЧИНА И НАПАЃАЧОТ ОД КРАКОВ: По шесте убиени и 15 повредени, им подлегнал на повредите во болница
24-годишниот напаѓач од Краков почина во болница по полициската интервенција. Во нападот загинаа шест лица, а 15 беа повредени.

24-годишниот напаѓач кој во саботата уби шест лица и рани уште 15 во полскиот град Краков, утрово починал во болница, потврди полската полиција. Тој беше во критична состојба откако беше застрелан за време на полициската интервенција со која беше запрен нападот. И покрај неколкуте операции, лекарите не успеале да му го спасат животот. Крвавиот напад се случи на 7 ноември, кога 24-годишниот Полјак со автомобил пристигнал на главниот плоштад во Краков и почнал да пука кон случајни минувачи.
Во семејниот дом во Краков пронајдени телата на родителите и сестрата
Во нападот загинале шест лица – четворица полски државјани, еден Британец и една Австријка, додека 15 биле повредени. По трагедијата, полицијата во семејниот дом на напаѓачот, во градот Островјец Швјентокшиски, ги пронашла телата на неговите родители и 21-годишната сестра. Според првичните сознанија, тројцата починале од прострелни рани, а истражителите се сомневаат дека биле убиени од 24-годишникот.
Истрага за тероризам и повеќекратни убиства
Полските власти соопштија дека напаѓачот бил фасциниран од екстремно десничарски идеологии, додека премиерот Доналд Туск го оцени нападот како терористички чин. Обвинителството отвори истрага за тероризам и повеќекратни убиства, а истражителите продолжуваат да ги утврдуваат мотивите и сите околности на трагедијата што ја потресе Полска.

