Спорт

ЧУРЛИНОВ ОПТИМИСТ: „Денес нема репрезентација што не може да се победи“

Дарко Чурлинов се врати во македонската репрезентација и верува во успех против Шкотска и Словенија во завршницата од Лигата на нациите.

ЧУРЛИНОВ ОПТИМИСТ: „Денес нема репрезентација што не може да се победи“
фото - ффм

Македонската фудбалска репрезентација го одржа денешниот тренинг во пресрет на последните два натпревари од групната фаза во Лигата на нациите. Избраниците на селекторот Гоце Седлоски ги очекуваат гостување против Шкотска во Глазгов и дуел со Словенија на домашен терен. Своите очекувања ги сподели повратникот во националниот тим, Дарко Чурлинов, кој порача дека секогаш му претставува чест да го носи македонскиот дрес и дека ќе го даде максимумот.

Чурлинов верува во квалитетот на Македонија

„Минутажата во клубот е многу битна и таа енергија се пренесува и овде. Добро е што сите играме во своите клубови, што имаме минутажа, и верувам дека тоа ќе има позитивно влијание на овие два натпревари“, изјави Чурлинов. Тој смета дека Македонија има квалитет да се надигрува со секоја репрезентација, без разлика на имињата и индивидуалниот потенцијал на противникот. „Денес нема репрезентација што не може да се победи, така што тоа треба да го покажеме на теренот“, порача македонскиот репрезентативец.

Македонија ја очекуваат два важни натпревари

Чурлинов ги спомена и квалитетните фудбалери на Шкотска, меѓу кои Мектоминеј, Гилмор и Робертсон, но потсети дека Македонија ги има Елиф Елмас, Енис Барди и Столе Димитриевски. Првиот предизвик за избраниците на Седлоски е гостувањето кај Шкотска во Глазгов во петок. Три дена подоцна Македонија ќе ја пречека Словенија на домашен терен, во последниот натпревар од групната фаза.

 

Жан Митрев