Македонија

„ПРЕД ЧОВЕЧКИТЕ ЖИВОТИ НЕМА ГРАНИЦИ И ПОЛИТИКИ“: Дурловски со повик за помош по трагедијата во Бугарија

„ПРЕД ЧОВЕЧКИТЕ ЖИВОТИ НЕМА ГРАНИЦИ И ПОЛИТИКИ“: Дурловски со повик за помош по трагедијата во Бугарија

По тешката сообраќајна трагедија на автопатот „Тракија“ во Бугарија, во која во верижен судир учествуваа повеќе од 50 возила, а има загинати и десетици повредени, од Македонија пристигнува повик за солидарност и помош. Оперскиот пејач Игор Дурловски преку објава на социјалните мрежи изрази сочувство до семејствата на загинатите и повика на дарување крв за повредените во Бугарија.

„И покрај политичките несогласувања, симболично, но и суштински, треба да испратиме дарувана крв за повредените, затоа што пред болката и пред човечките животи, граници и политики не смее да има“, напиша Дурловски.

Во меѓувреме, во Софија е најавена акција за доброволно крводарување, организирана од Бугарскиот Црвен крст, општина Софија и Националниот центар за трансфузиона хематологија. Акцијата ќе се одржи од 8 до 14 часот во Националниот центар за трансфузиона хематологија на улицата „Братја Миладинови“ број 112. Организаторите ги повикаа граѓаните кои ги исполнуваат медицинските услови да се вклучат и да помогнат во лекувањето на повредените.

Денеска е ден на жалост во Бугарија.

ДЕН НА ЖАЛОСТ ВО БУГАРИЈА: 11 загинати и 51 повреден во верижните судири со 86 возила

Жан Митрев