Македонија

МУРТЕЗИ ГИ НЕГИРА ТВРДЕЊАТА: Никогаш не сум бил претседател на Исламскиот младински форум

МУРТЕЗИ ГИ НЕГИРА ТВРДЕЊАТА: Никогаш не сум бил претседател на Исламскиот младински форум

Претседателот на Советот на Општина Чаир, Мухамед Муртези, ги негираше тврдењата дека бил на чело на Исламскиот младински форум, организација која Египет ја стави на листата на терористички организации. Муртези ваквите наводи ги оцени како клевети и категорично отфрли дека некогаш бил претседател на оваа организација.

„Вистината е дека јас не сум раководител, ниту претседател на Исламскиот младински форум. Дури, со целосна морална одговорност тврдам дека никогаш не сум бил претседател на овој форум“, изјави Муртези за „Zyrtare.net“.

Тој појасни дека во минатото раководел со други невладини организации во Македонија. Сепак, нагласи дека Исламскиот младински форум не е една од организациите со кои раководел.

Реакцијата следува по објавите во кои беше посочен како лице кое се наоѓало на чело на форумот. За тоа, објавија повеќе медиуми во вчерашниот ден вклучувајќи го и нашиот.

Погледнете ги првичните обвинувања:

Жан Митрев