Економија

ММФ ВО СКОПЈЕ: Делегација разговара со Народната банка за економските состојби и финансиската стабилност

Делегација на ММФ, предводена од Ник Гигинеишвили, престојува во Народната банка од 11 до 17 ноември за разговори за економијата и финансиската стабилност.

ММФ ВО СКОПЈЕ: Делегација разговара со Народната банка за економските состојби и финансиската стабилност

Тим на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), предводен од шефот на мисијата за Македонија, Ник Гигинеишвили, од 11 до 17 ноември престојува во редовна посета на Народната банка. Посетата е дел од активностите на ММФ за разгледување на економските и финансиските политики на земјите членки. Во фокусот на средбите ќе бидат актуелните макроекономски движења, економските изгледи и проекциите за претстојниот период.

Монетарната политика и економските проекции во фокус

Претставниците на ММФ и Народната банка ќе разговараат за спроведувањето на монетарната политика, модернизацијата на оперативната рамка и натамошниот развој на инструментите и политиките на централната банка. Разговорите ќе опфатат и макроекономски ризици и предизвици со кои се соочува домашната економија.

ММФ ќе ја анализира и стабилноста на банкарскиот сектор

Посебен дел од средбите ќе биде посветен на состојбите во банкарскиот сектор, ризиците и неговата отпорност, како и на финансиската стабилност и спроведувањето на макропрудентната политика. Од Народната банка посочуваат дека посетата претставува можност за размена на мислења со ММФ за состојбите во економијата и финансискиот систем, како и за спроведувањето на економските политики и предизвиците во наредниот период.

ОЗНАКИ: ММФ НБРМ
Жан Митрев