Регион

(ВИДЕО) ВОЛВО СО СКОПСКИ ТАБЛИЧКИ ЗАВРШИ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Снимката е хит низ регионот

(ВИДЕО) ВОЛВО СО СКОПСКИ ТАБЛИЧКИ ЗАВРШИ ВО ЕГЕЈСКОТО МОРЕ: Снимката е хит низ регионот
Фото: Скриншот

Автомобил „Волво“ со скопски регистарски таблички заврши во водите на Егејското Море, а видеото утрово привлече внимание и надвор од Македонија. На снимката се гледа возилото кое е делумно потопено во морето, додека предниот дел сè уште се наоѓа над водата. Видеото брзо се прошири на социјалните мрежи, а го пренесоа и повеќе српски и грчки интернет-портали.

Дел од нив ја искористија необичната сцена за сатирични коментари и шеги поврзани со скопските регистарски таблички. „Ако некој од Скопје изгубил Волво, моментално е на капење во Грција“, пишува @putdogrcke_triptogreece. Снимката предизвика бројни реакции поради несекојдневната глетка на автомобил во морето. Засега нема дополнителни информации за околностите под кои возилото завршило во водата. Се надеваме дека сите се добро и се завршило без посериозни повреди.

Жан Митрев