Спорт

РИСТОВСКИ РАСПАЛИ ПО СКОПЈАНИ: Каде е публиката кога на Вардар му е најтешко?

Тој порача дека наместо стадионот да биде исполнет во чест на клубот, повторно биле погласни оние што бараат недостатоци отколку тие што даваат поддршка

РИСТОВСКИ РАСПАЛИ ПО СКОПЈАНИ: Каде е публиката кога на Вардар му е најтешко?

Стефан Ристовски упати остра критика

Популарниот македонски фудбалер Стефан Ристовски упати остра критика до скопската публика по повод 79-годишнината од постоењето на Вардар. Тој порача дека наместо стадионот да биде исполнет во чест на клубот, повторно биле погласни оние што бараат недостатоци отколку тие што даваат поддршка. Според Ристовски, најтешко е што полека се губи културата на фудбалот и навиката да се оди на трибина. Тој нагласи дека клубовите не се сакаат само кога освојуваат трофеи и победуваат, туку поддршката има најголема вредност токму во тешките моменти. Ристовски додаде дека Вардар е институција на македонскиот фудбал и дека роденденот требало да биде можност да се покаже почит кон неговата историја. Тој ги критикуваше и оние што натпреварот го следат преку телефон, а потоа коментираат што требало да се направи. На крајот порача дека без почит кон историјата нема ниту атмосфера, ниту традиција, ниту иднина.