Македонија

ЛЕКОТ „ФОСТЕР“ ПОВТОРНО БЕЗ ДОПЛАТА: Пациентите ќе плаќаат само законска партиципација

ЛЕКОТ „ФОСТЕР“ ПОВТОРНО БЕЗ ДОПЛАТА: Пациентите ќе плаќаат само законска партиципација

Лекот „Фостер“ од овој месец повторно ќе биде достапен во аптеките без дополнителна доплата, информира Министерството за здравство. Осигурениците ќе ја плаќаат само законски утврдената партиципација за услугата по рецепт.

Лекот „Фостер“ се наоѓа на Позитивната листа на лекови, а промените биле направени од компанијата која е носител на одобрението за негово ставање во промет. Истото ќе важи и за другите лекови што ги содржат истите активни компоненти.

Станува збор за лекови што се користат во третманот на хроничната опструктивна белодробна болест. Од Министерството нагласуваат дека продолжуваат активностите за поголема достапност на лековите за пациентите по поприфатливи цени.

Извор: Економија и Бинзис