Хроника

ПЕТ ДЕЦА ОДЗЕМЕНИ ОД СЕМЕЈСТВО ВО ВЕЛЕС: Во домот немало основни услови за живот

Пет деца се одземени од семејство во Велес откако надлежните утврдиле дека во домот немало основни услови за живот. Родителите се лишени од слобода.

ПЕТ ДЕЦА ОДЗЕМЕНИ ОД СЕМЕЈСТВО ВО ВЕЛЕС: Во домот немало основни услови за живот

Пет малолетни деца од Велес се одземени од своето семејство, а нивните родители се лишени од слобода откако надлежните утврдиле дека во домот во кој живееле немало основни услови за живот.

Од СВР Велес информираат дека синоќа во 20:40 часот полициски службеници ги привеле Ѓ.Ш. (33) и С.Ш. (29), двајцата од Велес, по претходно добиена пријава за запуштање и малтретирање на дете.

Во домот на семејството бил извршен увид од полициски службеници и претставници на Центарот за социјални работи Велес. При контролата било констатирано дека условите во кои престојувале петте деца не биле соодветни за нивно живеење и одгледување.

За случајот бил запознаен јавен обвинител, а со родителите бил извршен службен разговор.

Петте малолетници, во координација со инспектор за малолетници и социјални работници, биле однесени во Општата болница во Велес за да им биде проверена здравствената состојба.

По извршените прегледи, децата биле предадени на Центарот за поддршка на згрижувачки семејства „СОС Детско село“.

Надлежните продолжуваат со целосно расчистување и документирање на случајот, по што ќе следуваат соодветни пријави.

ОЗНАКИ: велес