Македонија
Дознај прв
„ЧИЈА НЕЗАВИСНОСТ?“ – АЛБАНЦИТЕ РЕАГИРААТ, ДУИ И НОВИНАРОТ ФУРКАН САЛИУ СО КРИТИКИ ЗА СПОТОТ ЗА 35 ГОДИНИ НЕЗАВИСНОСТ

Промотивното видео „Силно светнал ден“, со кое се најавува одбележувањето на 35 години независност на Македонија, предизвика реакции во јавноста. ДУИ остро го критикува видеото, оценувајќи дека Албанците практично ги нема во приказната за создавањето и развојот на државата. Од партијата велат дека ваквата презентација не ја одразува мултиетничката реалност на Македонија и придонесот на сите заедници во државата.
Со реакција се јави и новинарот Фуркан Салиу, кој објави видео со прашањето: „Чија независност?“. Салиу оценува дека одбележувањето на 35-годишнината не ги отсликува заедниците, страдањата и заедничката историја на државата.
Реакциите се однесуваат на начинот на кој преку промотивниот материјал е претставена историјата на независноста и улогата на различните заедници. Критиките доаѓаат во пресрет на големото одбележување на 35 години независност под мотото „Силно светнал ден“.
Во продолжение погледнете го спотот за кој се крена галама.
View this post on Instagram
