Македонија
Дознај прв
МЗТ СКОПЈЕ ПРЕД ЕВРОПСКИ ПРЕДИЗВИК ВО ФИБА КУПОТ: Дали е можно враќање на „старите добри времиња“ во Аеродром?
МЗТ Скопје Аеродром ќе игра во групата Е во ФИБА Европа купот против Ираклис, Тарту, Вирцбург, АЕК Ларнака и Џики Варшава.

Македонскиот шампион, МЗТ го очекува европска сезона на три фронта
МЗТ Скопје Аеродром оваа сезона ќе има нов европски предизвик во ФИБА Европа купот, каде што ќе настапува во групата Е. Македонскиот шампион за противници ги доби Ираклис од Грција, Тарту од Естонија, Вирцбург од Германија, АЕК Ларнака од Кипар и Џики Варшава од Полска. Според натпреварувачкиот систем, секоја екипа ќе одигра по еден натпревар дома и на гости против секој од ривалите, што за МЗТ значи вкупно десет натпревари во групната фаза. Покрај европските обврски, „сино-белите“ ќе играат и во АБА 2 лигата и домашниот шампионат, што ќе донесе густ распоред и повеќе патувања во текот на сезоната. Во такви услови, ширината на ростерот и правилното распределување на минутажата ќе имаат значајна улога во текот на сезоната.
Домашниот терен ќе биде важен фактор
Натпреварите во Скопје ќе бидат можност МЗТ да ја искористи поддршката од своите навивачи и да создаде поволна позиција во групата. ФИБА веќе го потврди составот на групата и распоредот, а македонскиот шампион со европските настапи ќе се обиде да обезбеди место во следната фаза од натпреварувањето.
