Свет

НЕМА НОЗЕ НА СЕДИШТА ВО АВТОБУСИТЕ: Казни и до 5.000 долари

Сингапур воведува построги правила во јавниот превоз. За ставање нозе на седиштата, јадење и други прекршоци следуваат казни до 5.000 долари.

НЕМА НОЗЕ НА СЕДИШТА ВО АВТОБУСИТЕ: Казни и до 5.000 долари

Во Сингапур се воведуваат построги правила за однесување во јавниот превоз, со кои патниците може да бидат казнети за различни прекршоци. Меѓу нив е и ставањето нозе на седиштата, но и пуштањето гласна музика, јадењето, пиењето и фрлањето отпадоци во автобусите. За овие прекршоци може да биде изречена казна од речиси 400 американски долари. За посериозни прекршоци, како вознемирување или загрозување на други патници и валкање на автобусите, постојките или терминалите, казните може да достигнат и до 5.000 долари.

Новите правила стапуваат на сила и во автобусите

Новите прописи ги усогласуваат правилата во автобускиот превоз со оние што веќе важат за железничката мрежа MRT во Сингапур. Досега возачите можеле да побараат од патникот да го напушти автобусот, а сега прекршоците стануваат официјални и може да следуваат директни парични казни.

Казните ќе ги изрекуваат инспектори

Спроведувањето на правилата ќе го вршат инспектори и персоналот на автобуските терминали, а во одредени ситуации возачите ќе можат да побараат и полициска интервенција. Од Управата за копнен транспорт велат дека мерките треба да придонесат за побезбедна, попријатна и пообѕирна средина за сите патници.

ОЗНАКИ: сингапур