Економија

ГОРИВОТО СТАНУВА СÈ ПОСКАПО: Дизелот во ЕУ поскапе за 40 отсто

Горивото во ЕУ во август поскапе за 23,8 отсто на годишно ниво, а возачите дневно плаќаат дополнителни 203 милиони евра за дизел.

ГОРИВОТО СТАНУВА СÈ ПОСКАПО: Дизелот во ЕУ поскапе за 40 отсто

Возачите низ Европа плаќаат околу 40 отсто повеќе за дизел во споредба со почетокот на годината, што значи околу 30 евра дополнителен трошок за полнење резервоар од 50 литри. Според податоците на Европската комисија, на ниво на целиот континент тоа претставува околу 203 милиони евра дополнителни трошоци дневно.

Горивата во ЕУ поскапеа за 23,8 отсто

Цените на горивата и мазивата за личен транспорт во ЕУ во август биле за 23,8 отсто повисоки во споредба со истиот месец минатата година. Поскапување е регистрирано во 26 од 27 земји членки, а во 18 држави годишниот раст надминал 20 отсто. Најголем раст има во Бугарија, каде цените биле повисоки за 34,5 отсто, пред Литванија со 28,8 отсто и Финска со 27,6 отсто.

Дизелот поскапува побрзо од бензинот

Само во август, дизелот во ЕУ поскапел за 8,3 отсто во однос на јули, додека бензинот поскапел за 3,3 отсто. Во периодот од јули до август, цената на дизелот се зголемила во 26 земји членки, при што најголем раст е забележан во Чешка, Бугарија и Луксембург. Според анализата пренесена од „Фајненшл тајмс“, прекините во снабдувањето и намалените испораки од руските рафинерии дополнително го зголемуваат притисокот врз европскиот пазар на горива.

Извор – пари.мк

ОЗНАКИ: дизел еу