Македонија
Дознај прв
ПЛАТФОРМАТА „12.05“ НАЈАВИ ПРОМЕНИ ВО СДСМ: Подготвуваат опозициски фронт, но без Венко Филипче на чело

Платформата „Разговори за иднината во 12:05“, составена од поранешни функционери и актуелната пратеничка Славјанка Петровска, најави активности за промени во СДСМ и создавање поширок опозициски фронт. На денешниот брифинг, Игор Ивановски, Никола Ќуркчиев, Андреј Петров, Емилијан Станковиќ, Гордан Георгиев и Петровска порачаа дека во тој фронт гледаат место и за СДСМ, но не со актуелното раководство на чело со Венко Филипче, пренесе Фокус.
Од платформата велат дека немаат намера да формираат нова партија или да настапат со независни листи на избори, туку сакаат да придонесат за промени во СДСМ и негово враќање како стожер на опозицијата. Тие посочија дека во изминатите две години имале разговори со раководството на партијата, но оти, според нив, не дошло до конкретни промени.
Од „12:05“ велат дека имаат разработен план за структурни промени и дека прво ќе разговараат со Филипче, по што ќе ги преземат следните чекори. Според нивните тврдења, истражувањата што ги направиле покажуваат дека постои значително опозициски расположено гласачко тело кое моментално нема политичка понуда што би го обединила. Следната рунда разговори на платформата е најавена за сабота во хотелот „Стоун Бриџ“, каде што ќе се разговара за состојбите во земјата и иднината на опозицијата.
