Македонија
Дознај прв
СПОМЕН-КУЌАТА НА ВЛАДО МАЛЕСКИ УРНАТА: Обвинение против шест лица во Струга
ОЈО Струга поднесе обвинение против шест лица за уривањето на заштитената спомен-куќа на Владо Малески, меѓу нив и Рамиз Мерко.

Обвинет и поранешниот градоначалник на Струга
Основното јавно обвинителство Струга поднесе обвинение против шест лица за уривањето на заштитената спомен-куќа на авторот на македонската химна, Владо Малески. Меѓу обвинетите е и поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, а случајот се однесува на настанот од 15 октомври 2025 година.
Ископот ги поткопал темелите
Според обвинителството, првообвинетиот, управител на градежна фирма од Велешта, при ископ со багер за нов објект ги поткопал темелите на јужниот ѕид од соседната спомен-куќа, што довело до нејзина дестабилизација и уривање. Во предметот се опфатени и градежен инженер и архитект од Секторот за урбанизам при Општина Струга, како и архитектка-конзерватор од Заводот за заштита на културното наследство и музеј Охрид. Обвинителството наведува дека при одобрувањето на проектот не бил приложен идеен проект за уривањето, иако тоа било побарано поради близината на заштитениот објект. Лицата се товарат за оштетување или уништување добра под привремена заштита или културно наследство или природни реткости.
