Регион
Дознај прв
ЦРНА ГОРА ОД 1 НОЕМВРИ ВОВЕДУВА ВИЗИ: Без визи повеќе нема влез за Руси, Белоруси и Турци
Црна Гора од 1 ноември 2026 година ќе воведе визи за државјаните на Русија, Белорусија и Турција во рамки на усогласувањето со ЕУ.

Одлуката на Црна Гора е дел од усогласувањето со ЕУ
Владата на Црна Гора усвои информација за потребата од откажување на спогодбите со кои досега бил регулиран безвизниот режим со Русија, Белорусија и Турција. Одлуката е поврзана со процесот на пристапување на Црна Гора во Европската Унија и обврската за целосно усогласување на визното законодавство со политиката на ЕУ. Владата на 23 јули 2026 година донела измени на Уредбата за визен режим, според кои од 1 ноември 2026 година државјаните на овие три земји ќе мора да поседуваат виза за влез, транзит и престој во Црна Гора.
Исклучок за дипломатски и службени пасоши
Бидејќи безвизниот режим со трите држави е регулиран и со меѓународни договори, црногорската влада ќе започне постапка за нивно откажување. Кога станува збор за Турција, истовремено ќе биде покрената постапка за склучување нов билатерален договор. Со него би се задржал безвизниот режим за носителите на дипломатски, службени и специјални пасоши. Целта е да се обезбеди континуитет за овие категории патници, во согласност со правилата на Европската Унија кои дозволуваат одредени исклучоци од визна обврска.
