Свет

130 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 10 МАЖИ: Запалиле куќа во одмазднички напад во Англија

Десет мажи во Велика Британија се осудени на вкупно 130 години затвор поради напад во кој мајка и нејзината ќерка биле тешко повредени.

130 ГОДИНИ ЗАТВОР ЗА 10 МАЖИ: Запалиле куќа во одмазднички напад во Англија

Мајка и ќерка скокнале од прозорец во Англија за да се спасат

Вкупно 10 мажи во Велика Британија се осудени на вкупно 130 години затвор поради напад во кој била запалена куќа, а тешко биле повредени мајка и нејзината 13-годишна ќерка. Инцидентот се случил во декември 2021 година во Стоук на Трент, кога групата ги скршила прозорците на куќата и истурила бензин низ ходникот и околу дневните соби. Мајката, која тогаш имала 31 година, била погодена во главата и запалена, при што претрпела изгореници на 65 отсто од телото и повеќе други тешки повреди. Таа поминала два месеци во кома, а лекарите во еден момент не очекувале дека ќе преживее. Нејзината 13-годишна ќерка се здобила со изгореници на раката и морала да има трансплантација на кожа.

Нападот бил одмазда по улична тепачка

Според доказите презентирани пред судот, нападот бил извршен како одмазда по претходна улична тепачка во која едно од лицата било повредено. Седуммина од обвинетите биле осудени во Крунскиот суд во Лестер, додека тројца други биле осудени претходно во Стоук на Трент. Еден од обвинетите, Харис Махмуд, добил казна од 24 години и девет месеци за обид за убиство и подметнување пожар со намера за загрозување на животот.