Македонија
Дознај прв
(ВИДЕО) ПРОТЕСТЕН МАРШ ВО СКОПЈЕ: Се одржува марш по првостепената пресуда за Тачи и поранешните команданти на УЧК
Денеска во Скопје се одржува протестен марш по првостепената пресуда во Хаг за Хашим Тачи и поранешните команданти на УЧК.

Маршот за Хашим Тачи и УЧК започна од плоштадот „Скендербег“
Денеска во Скопје се одржува протестен марш по повод првостепената пресуда на Специјализираните совети во Хаг против поранешните водачи на УЧК. Маршот започна во 14 часот од плоштадот „Скендербег“, од каде учесниците се упатија во протестен марш. На протестот присуствуваат семејства на загинати, ветерани и воени инвалиди, поранешни затвореници и политички прогонувани лица, како и претставници на верскиот, академскиот и граѓанскиот сектор. Организацискиот совет претходно упати повик до граѓаните и до албанските политички партии да се приклучат на маршот. На 16 септември Хашим Тачи и Јакуп Красниќи беа осудени на по 25 години затвор, Кадри Весели на 18 години, а Реџеп Селими на 13 години затвор. Судскиот совет ги прогласи за виновни за повеќе воени злосторства, додека за обвиненијата за злосторства против човештвото беа ослободени. Пресудата е првостепена и страните имаат право да поднесат жалба.
