Магазин

ЗА 500 ЕВРА ГО ИЗНАЈМИЛ МАКЕДОНИУМОТ: Косовскиот рапер Дон Џони снимал спот за „Секси мама“

ЗА 500 ЕВРА ГО ИЗНАЈМИЛ МАКЕДОНИУМОТ: Косовскиот рапер Дон Џони снимал спот за „Секси мама“

Музичкиот спот „Секси мама“ на косовскиот рапер Дон Џони предизвика реакции на социјалните мрежи, бидејќи дел од него е снимен во „Македониумот“ во Крушево. Во видеото, кое има повеќе од 4,3 милиони прегледи, „Македониумот“ е дел од сценографијата. Директорот на Историскиот музеј Крушево потврдил дека просторот бил изнајмен за снимањето на спотот за околу 500 евра.

Според него, просторот се отстапува за снимања со соодветна цена, а во конкретниот случај станувало збор за пет до шест часа. Тој појаснил дека сцените со кревети и играње не биле снимени во „Македониумот“, туку на други локации.