Магазин

СОНЧЕВО СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ: Студено утро, температурите до 26 степени

СОНЧЕВО СО МАЛА ДО УМЕРЕНА ОБЛАЧНОСТ: Студено утро, температурите до 26 степени

Утрото студено, во текот на денот сончево

Времето денеска наутро ќе биде ведро и студено, додека во текот на денот се очекува сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималните температури ќе се движат од -2 до 8 степени, а максималните ќе достигнат од 18 до 26 степени Целзиусови.

Во Скопје до 25 степени

Во Скопје ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец. Утринската температура ќе се спушти до 8 степени, додека дневната ќе достигне до 25 степени.

Следува период на стабилно време

Според најавите на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), во наредниот период се очекува стабилно време. Во текот на денот ќе биде сончево и релативно топло, додека ноќите ќе бидат ведри и тивки. Утрата ќе бидат ведри и студени, со ниски температури кои на места ќе се спуштаат и под нулата.