Македонија
Дознај прв
НЕВРЕМЕТО СТИГНУВА: Во четврток и петок пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град
УХМР најавува нестабилно време во четврток и петок со пороен дожд, грмежи, силен ветер и можен град, а потоа повторно затоплување.

Се очекува нестабилно време
УХМР најавува промена на временските услови во четврток и петок попладне, кога се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Локално постои можност за невреме со пообилен дожд за краток период, силен ветер и појава на град. Поради временската промена, температурите ќе опаднат за неколку степени.
Викендот повторно сончево и топло
Утре времето ќе биде сончево и многу топло, со мала до умерена облачност. Во деновите од викендот и на почетокот на следната седмица се очекува стабилизација, проследена со постепен пораст на дневните температури. Според прогнозата, во петок и сабота максималната температура ќе достигне 36 степени, додека во недела се очекуваат до 37 степени.
