Македонија

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“: Градежните вештаци ќе откриваат што се случувало во објектот

Продолжува судењето за пожарот во „Пулс“ во Кочани. Градежните вештаци ќе бидат распрашани за условите во објектот и причините за трагедијата.

ПРОДОЛЖУВА СУДЕЊЕТО ЗА „ПУЛС“: Градежните вештаци ќе откриваат што се случувало во објектот

Вештаците повторно пред судот

Судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска продолжува со изведување на градежното вештачење и распит на вештите лица кои го изработиле. Во трагичниот пожар на 16 март 2025 година загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. На претходното рочиште, професорот и судски вештак Горан Марковски изјави дека вештачењето покажало целосно нефункционирање на системот, како и непочитување на стандардите, регулативата и процедурите.

„Нула мерки за противпожарна заштита“

Според Марковски, во објектот немало ниту прописни излези за евакуација, а капацитетот бил за 363 гости, додека критичната вечер во дискотеката имало над 600 посетители. Вештачењето покажало и дека биле користени материјали кои придонеле за ширење на пожарот и создавање екстремно висока температура. Во објектот биле измерени знаци што упатуваат на температура од најмалку 800 степени Целзиусови, а дел од челичната конструкција бил деформиран и биле пронајдени стопени стаклени шишиња. Судскиот процес го води судијката Дијана Груевска-Илиевска, а обвинението го застапува тим од 15 јавни обвинители. Со денешното рочиште, според најавите, треба да заврши изведувањето на доказите од Обвинителството.

ОЗНАКИ: пулс