Хроника
Дознај прв
ПУКАЛЕ ОД АВТОМОБИЛ ВО ДВИЖЕЊЕ СРЕДЕ ЦЕНТАР: Полицијата привела три лица на разговор
Во Центар биле испукани неколку истрели од автомобил во движење. Полицијата извршила службен разговор со три лица и го расчистува случајот.

Во СВР Скопје на 12 јули 2026 година, околу 01:00 часот, било пријавено дека на подрачјето на Центар од возило во движење биле испукани неколку истрели од огнено оружје.
Во врска со случајот, во полициска станица бил извршен службен разговор со три лица, а полицијата презема мерки за целосно расчистување на настанот.
