Македонија

(ВИДЕО) АЈВАРКАТА ГИ КРЕНА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА НОЗЕ: Повторно протест во Струмичко

(ВИДЕО) АЈВАРКАТА ГИ КРЕНА ЗЕМЈОДЕЛЦИТЕ НА НОЗЕ: Повторно протест во Струмичко

Земјоделците од Струмичко и денеска излегоа на протест поради незадоволството од откупната цена на црвената пиперка „ајварка“. Производителите бараат зголемување на откупната цена, посочувајќи дека актуелната цена не ги покрива ниту трошоците за производство и вложувањата во текот на сезоната. Со транспаренти тие упатија пораки до откупувачите и трговците, изразувајќи револт поради состојбата на пазарот. Земјоделците велат дека ниските цени го загрозуваат производството и приходите на земјоделските семејства. „Ајварката“ е една од главните земјоделски култури во Струмичкиот Регион, а периодот на откуп е особено важен за производителите. Денешниот протест е продолжение на реакциите на струмичките земјоделци, кои подолг период бараат подобри услови и повисока откупна цена за својот род.