Свет

(ВИДЕО) КОЛУМБИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,4 СТЕПЕНИ: Има загинати и големи разурнувања

(ВИДЕО) КОЛУМБИЈА ЈА ПОТРЕСЕ ЗЕМЈОТРЕС ОД 7,4 СТЕПЕНИ: Има загинати и големи разурнувања

Силен земјотрес со магнитуда од 7,4 степени според Рихтеровата скала го погоди северозападниот дел на Колумбија, при што најмалку 20 лица загинаа. Епицентарот бил регистриран околу 34 километри северозападно од градот Картаго, на длабочина од 115 километри. Најпогоден е департманот Чоко, каде што во главниот град Кибдо има повредени и значителна материјална штета.

Според локалните власти, се урнале неколку објекти, а спасувачките екипи ја проценуваат состојбата на терен. Оштетени се и катедрала и повеќе аеродроми, додека во Кали и Манизалес се пријавени оштетувања на фасади и објекти. Дел од покривот на меѓународниот аеродром „Матекања“ исто така се урнал, а екипите проверуваат дали има луѓе заробени под урнатините. Потресот бил почувствуван и во соседните Венецуела, Еквадор и Панама, а надлежните соопштија дека нема опасност од цунами.