Спорт

(ВИДЕО) ЃОРЃИЕВСКИ: Подната фонтана повторно ќе стане симбол на Скопје

Подната фонтана во центарот на Скопје се реконструира со нова иноксна конструкција и сервисирање на опремата, а се обновува и просторот кај Порта „Македонија“.

(ВИДЕО) ЃОРЃИЕВСКИ: Подната фонтана повторно ќе стане симбол на Скопје

Се менува конструкцијата и се сервисира специјализираната опрема

Подната фонтана во центарот на Скопје наскоро повторно треба да биде ставена во функција, најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Тој посочи дека станува збор за комплексен систем со специјализирана опрема произведена во Германија, која бара целосно сервисирање и прецизно усогласување на автоматиката. Паралелно се врши и конструктивно унапредување, при што постојните пластични носачи што поддржувале бетонски плочи тешки околу 100 килограми по елемент се заменуваат со нова конструкција од иноксни профили. Според Ѓорѓиевски, со тоа значително ќе се зголемат стабилноста, безбедноста и долговечноста на целиот систем.

Ќе се обновува и просторот кај Порта „Македонија“

Во рамки на уредувањето на централното градско подрачје, паралелно се заменуваат и оштетените плочки на потегот кај Порта „Македонија“. Ѓорѓиевски најави дека целта е фонтаната повторно да стане место за средби, прошетки, детска радост и фотографирање. Тој оцени дека со нејзиното враќање во функција плоштадот повторно ќе добие поголема живост. Градоначалникот порача дека активностите ќе продолжат „до најситен детал“, со цел центарот на Скопје да добие поуреден и достоинствен изглед.