Регион
Дознај прв
ВТОР СМРТЕН СЛУЧАЈ ОД ЗАПАДНОНИЛСКА ТРЕСКА ВО МАКЕДОНИЈА: Почина 72-годишен скопјанец
На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен пациент со потврдена инфекција со вирусот West Nile. Ова е втор смртен случај во Македонија.

Нов смртен случај од вирусот
На Инфективната клиника во Скопје почина 72-годишен скопјанец кај кого лабораториски била потврдена инфекција со вирусот West Nile. Пациентот уште при приемот бил во тешка општа состојба, со изразена невролошка симптоматологија, информираше директорот на Клиниката, Фадил Цана. Во моментов на Клиниката се хоспитализирани вкупно 24 пациенти, од кои кај 19 е потврдена инфекција со вирусот. Пет пациенти се суспектни и се во тек на дијагностичка постапка. Кај седуммина е регистрирана потешка клиничка состојба и тие се под интензивен медицински надзор.
Пет пациенти на механичка вентилација
Од хоспитализираните пациенти, пет се на механичка вентилација, додека останатите се на Одделот за невроинфекции и се во стабилна состојба. Ова е втор смртен случај од западнонилска треска во Македонија годинава, по смртта на 83-годишен пациент.
