Спорт

(ВИДЕО) ДЕН ПРЕД „ВЕЧНОТО ДЕРБИ“: „Фемили“ ги посети кошаркарите на МЗТ на последниот тренинг

(ВИДЕО) ДЕН ПРЕД „ВЕЧНОТО ДЕРБИ“: „Фемили“ ги посети кошаркарите на МЗТ на последниот тренинг

Навивачката група „Фемили Аеродром“, најверните поддржувачи на МЗТ Скопје, ги посетија кошаркарите на тренингот пред утрешното вечно дерби со Работнички. Ден пред големата градска пресметка, навивачите одлучија лично да им дадат поддршка на играчите и дополнителна мотивација пред важниот натпревар. Со своето присуство испратија јасна порака дека тимот нема да биде сам во борбата за победа. Атмосферата во Аеродром се загрева пред еден од најочекуваните натпревари во македонската кошарка.

Ривалството меѓу МЗТ и Работнички секогаш носи посебни емоции, а голем дел од приказната се и навивачките групи. Утре се очекува вистински кошаркарски спектакл, со „Фемили Аеродром“ зад својот МЗТ и „Сити Парк Бојс“ зад својот Работнички. Во меѓувреме, годинава дербито имам сопствен сјај бидејќи по долго време Работнички е без пораз и повторно е конкурентен на шампионот МЗТ Скопје.

Од една страна Работнички годинава е без пораз, но од друга страна МЗТ Скопје е во повеќе европски натпреварување. Како дел од ФИБА купот, претходната недела имаше инцидент во Солун.

(ВИДЕО) „МАКЕДОНИЈА Е НА ИРАКЛИС“, „100% МАКЕДОНЕЦ“: Грчките навивачи со провокации кон МЗТ Скопје преку пароли

Жан Митрев