Македонија
Дознај прв
МАКЕДОНИЈА И КАНАДА ГИ ПРОДЛАБОЧУВААТ ОДНОСИТЕ: Муцунски се сретна со министерката Анита Ананд

Канада и Македонија одбележуваат 30 години дипломатски односи
Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во Њујорк се сретна со министерката за надворешни работи на Канада, Анита Ананд, на маргините на Генералното собрание на Обединетите нации. Средбата се одржа во година кога Македонија и Канада одбележуваат 30 години од воспоставувањето на дипломатските односи. Двајцата соговорници ја потврдиле цврстата основа на партнерството и заедничкиот интерес за негово натамошно продлабочување.
Фокус на економската и политичката соработка
На средбата било истакнато и значењето на македонската заедница во Канада, која претставува важен мост меѓу двете земји. Муцунски и Ананд разговарале за унапредување на политичката и економската соработка, со посебен акцент на можностите за зголемување и диверзификација на трговската размена. Била потврдена и блиската соработка во рамките на мултилатералните организации, особено во Обединетите нации и НАТО. Двајцата министри ја истакнале и заедничката посветеност на стабилноста и меѓународната безбедност.
