Хроника

(НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНИОТ НАПАД ВО ОХРИД) ЈА ПРЕТЕПАЛ ДО ОНЕСВЕСТУВАЊЕ: Го молела да застане и да не вози лудо, тој одбивал и ѝ го скршил телефонот

Нови детали за насилството во Охрид: насилник во алкохолизирана состојба ја претепал девојката до онесвестување, ѝ го скршил телефонот и ја исфрлил од автомобил. Осомничениот наводно ја удирал со тупаници и со тврд предмет сè додека не изгубила свест. И покрај тоа, тој продолжил да вози низ градот, а кога девојката се освестила, наводно го запрел возилото во близина на маркет и ја исфрлил од автомобилот.

(НОВИ ДЕТАЛИ ЗА БРУТАЛНИОТ НАПАД ВО ОХРИД) ЈА ПРЕТЕПАЛ ДО ОНЕСВЕСТУВАЊЕ: Го молела да застане и да не вози лудо, тој одбивал и ѝ го скршил телефонот

Нови детали за бруталниот напад врз девојка во Охрид откриваат дека драмата започнала по несогласувања околу нивната љубовна врска. Според неофицијални информации кои пристигнуваат до нашата редакција, 28-годишниот охриѓанец бил во тешка алкохолизирана состојба, а девојката сакала да ја прекине врската, додека тој инсистирал да останат заедно. Додека се движеле со автомобил низ Охрид, тој возел лудо и опасно, а девојката го молела да застане, но тој одбивал. Во целата драма тој ѝ го скршил и мобилниот телефон. Во автомобилот настанал хаос, при што осомничениот наводно ја удирал со тупаници и со тврд предмет сè додека не изгубила свест. И покрај тоа, тој продолжил да вози низ градот, а кога девојката се освестила, наводно го запрел возилото во близина на маркет и ја исфрлил од автомобилот. Според неофицијалните информации, дури и откако таа се онесвестила, осомничениот продолжил да телефонира додека девојката била во бессознание. За драмата, според информациите, уште во текот на ноќта дознале голем број жители на Охрид и владеел целосен хаос низ градот.

(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД: Момче приведено по пријава за физички напад, девојката се лекува во болница

Портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски, потврди дека полицијата утрово во 5:05 часот го привела 31-годишниот охриѓанец Х.К (според наши информации 28 годишен К.К.)., откако претходно било пријавено дека физички ја нападнал својата девојка.

„ОВА Е ЕДНАКВО НА УБИСТВО“: Нутриционистот Владимир Тодоровски со остра реакција по бруталното претепување на девојката во Охрид

*Нагласуваме дека деталите за текот на настанот и околностите што му претходеле засега не се официјално потврдени од надлежните институции. Информациите ги добивме од повеќе наши читатели од Охрид, кои побараа да останат анонимни. Нивните пораки содржат наводи кои во голем дел се совпаѓаат, но очекуваме надлежните институции да ги потврдат сите околности на случајот.

Жан Митрев