Регион
Дознај прв
НАД 70 ОТСТО ОД ЕВРОПЕЈЦИТЕ САКААТ ЕВРОПСКА АРМИЈА: Расте поддршката за заедничка одбрана на ЕУ
Истражување на „Глобсек“ покажува дека 71 процент од Европејците поддржуваат европска армија, а 78 проценти бараат посилна одбранбена соработка со НАТО.

Околу 71 процент од граѓаните во Европа поддржуваат формирање заедничка армија на Европската унија, покажуваат резултатите од истражувањето на безбедносниот тинк-тенк „Глобсек“ за 2026 година, објавени во бриселски „Политико“. Истовремено, 78 проценти од испитаниците сметаат дека земјите-членки треба да ги зајакнат своите одбранбени капацитети во соработка со НАТО. Податоците укажуваат на широка поддршка за поголема европска одбранбена соработка и зајакнување на безбедноста на континентот.
Најголема поддршка во Романија и Литванија
Поддршката за формирање европска војска е забележана во сите анкетирани земји-членки на ЕУ. Највисока е во Романија, каде што 82 проценти од испитаниците ја поддржуваат идејата, а веднаш зад неа е Литванија со 78 проценти. Во Франција поддршката изнесува 75 проценти.
Какви се ставовите во Германија, Полска и Бугарија?
Во Полска и Бугарија околу 70 проценти од анкетираните се изјасниле за формирање заедничка европска армија. Во Германија поддршката е нешто пониска и изнесува 69 проценти. Истражувањето воедно покажува дека идејата за заедничка одбрана има поддршка низ сите опфатени земји, иако процентите се разликуваат од држава до држава.

