Македонија
Дознај прв
(ВОЗНЕМИРУВАЧКА СОДРЖИНА) ПРЕТЕПАНА ДЕВОЈКА ВО ОХРИД: Момче приведено по пријава за физички напад, девојката се лекува во болница
МВР потврди дека во Охрид е приведен К.К. (28) по пријава за физички напад врз девојка. Таа се лекува во болницата „Св. Еразмо“

Случај на партнерско насилство ја вознемири јавноста во Охрид, откако девојка била физички нападната од своето момче, по што, според сведочења пренесени од локални медиуми, била оставена на улица во близина на маркет на „Тинекс“. Министерството за внатрешни работи потврди дека на 15 ноември, во 05:05 часот, полициски службеници од СВР Охрид го лишиле од слобода К.К. (28) од Охрид, по пријава дека физички ја нападнал својата девојка. Според информации што редакцијата ги добила од лица блиски до девојката, кај неа бил констатиран потрес на мозокот, а биле направени и дополнителни медицински испитувања, вклучително и магнетна резонанца. Таа во моментот се наоѓа во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.

Што му претходело на нападот во Охрид?
Според информации од лица блиски до девојката, таа и осомничениот биле во врска околу една година, а вечерта пред инцидентот заедно присуствувале на забава во ресторанот „Лихнидос“, каде што настапувала пејачката Џејла Рамовиќ. По заминувањето од ресторанот, се упатиле кон станот на момчето, каде што, според неофицијалните информации, настанала расправија поради можноста за прекин на врската. Анонимни очевидци тврдат дека девојката била удирана, влечена по асфалтот и оставена во несвест на улицата „7 Ноември“, кај маркетот. Овие детали засега не се потврдени од МВР.

Полицијата најави кривична пријава
Од МВР информираат дека по целосното документирање на случајот против осомничениот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Во јавноста се појавија и непотврдени тврдења за можни недозволени супстанции во организмот на осомничениот, но засега нема официјално објавени токсиколошки резултати што би ги потврдиле. Не се потврдени ниту информациите за евентуални снимки од безбедносните и приватните камери во реонот. Се очекуваат дополнителни информации од надлежните институции за околностите на нападот и здравствената состојба на девојката.
Извор: во центар




View this post on Instagram

